– Одговорно е од нашата страна да упатиме апел до граѓаните дека е подобро да бидеме изненадени од добар исход, отколку пак да бидеме разочарани од лош исход. Со оглед на краткиот период, имаме само неколку дена до Советот за општи работи, до ГАК, 14 декември, мислам дека е крајно неодговорно било какви очекувања да создаваме тогаш. Формата, одржувањето на Советот е помалку важна. Ако успееме да дојдеме до едно достоинствено, европско решение, затоа што прашањето почна толку да боли насекаде, што веројатно ќе има волја кај сите, вклучувајќи го и словенечкото претседателство, да се закаже и вонреден ГАК. Не смееме, после целото искуство што го имаме да се врзуваме за датуми. Мислам дека сигналите од Софија упатуваат дека очекуваат некаков процес, во билатералните односи кој чекор по чекор ќе помогне да се затвори прашањето. Кај нив очигледно уште парламентот ќе има улога, такви се најавите, рече Димитров во разговор за ТВ Клан Македонија.

Според Димитров, сега е важно да се одржи средба со новата влада во Софија, која ќе ги даде натамошните насоки за надминување на билатералниот спор.

– Многу е важно и за нас, пред се за народот, но и за сите други во регионот кои што гледаа надеж во овие решителни чекори што во изминатите години ги правевеме за конечно да ги почнеме пристапните преговори со ЕУ, многу е важно да има нешто. Тоа ќе зависи од оваа билатерална комуникација со Бугарија, но и од расположението на третите, кои имаат влог, кои се злагаат. Затоа што ова прашање стана европско, не е само билатерално прашање, бидејќи влиаје на политиките на ЕУ кон регионот. И во таа смисла има реален контекст да се дојде до нешто, мора да се обидуваме за вистински пробив, рече Димитров.