Викенд на гордоста Скопје го доживува својот десетти јубилеј. Со многу напор, ентузијазам и волонтерски дух, организаторите Коалиција МАРГИНИ и ЛГБТИ Центарот за поддршка, докажаа дека фестивалот не само што е возможно да биде организран во континуитет туку е и насушно потребен, вели кураторот Славчо Димитров.

Фестивалот од година в година добива се поголема поддршка и посетеност, голем број на културни работници, уметници кои воопшто не се дел од заедницата ја следат програмата.

“Ние имаме сериозна критичка и радикална програма од уметници кои ја испишуваат современата историја на перформанс на уметноста во последниве 30 години кои имаат серија награди позади себе, како ќе реагира на Фестивалот оној дел од општеството кое не може да се помири со фактот дека нивните привилегии не се од бога дадени и засекогаш вклесани тоа е нивен проблем, не наш проблем“, додава Димитров.

Димитров вели дека во последните години во Македонија, има промени и поместување во однесувањето кон ЛГБТ заедницата, но тоа не значи дека сме либерално и прогресивно отворено општество. Има уште многу, многу работа за да се променат генерално ставовите во пошироката општа популација која сеуште е прилично затворена во рамките на патријахалните и на хетеро сексистичките размислувања.

Лидер:Дали е тешко да се организира Викенд на гордоста во Македонија?

-Да се организра фестивалот е тешко, меѓутоа не е невозможно. Бидејќи фактот дека е детсетта година по ред и годинава е јубилејно издание, покажува дека истиот е возможен и не само што е возможен туку е и насушно потребен. А потврда за тоа е дека со текот на годините публиката постојано расте. На синојќешното отварање на фестивалот со изложба со врвни светски и локални уметници на промоцијата во Музејот на современа уметност имаше повеќе од 300 посетители. Ова е фасцинантна бројка не за квир-фестивалот туку воопшто за било каков настан ако споредите со она што се случува во галериите, општо со културните институции во државата.

Тешко е и во смисла на финансиско одржување. Ова е фестивал кој што се прави со ужасно голем ентузијастични и волонтерски напори на луѓето кои се вклучени во организацијата. Со добрата воља на реномирани светски уметници во овој контекст, кои што доаѓаат за исклучително ниски финансиски суми и со поддршка на самата идеја и заедницата. Тоа ќе го видите доколку ја погледнете импресивната листа на најзначајните најсовремените уметници кои се појавиле во текот на изминатите 9 години којшто се автологиски и не само како квир уметници.

Лидер: Дали овој фестивал ќе биде настан за оредена група луѓе и приватна журка за неколкумина или пак очекувате широка посетеност?

-Настанот не е приватна журка. Приватна журка не е со толкав број на луѓе, туку напротив. Голем број на културни работници, уметници кои воопшто не се дел од заедницата ја следат програмата. Медимуската прокриеност е значително добра со повеќе од 60-тина написи и објави за фестивалот а тоа значи дека интересот е многу поширок.
И што ми е посебно драго, бидејќи конечно е време да расчистиме со митовите на една уметнички културна генерација во Македонија за навидум универзалната уметност која што во основа е хетеронормативна затскриена под принципите на апстрактноста.

Лидер: Пред неколку години имавте критика од јавноста за ваша изложба-перформанс кој имаше контроверзна содржина. Дали оваа година фестивалот ќе имате такви содржини и дали очекувате критики од општеството?

-Општеството не е една категорија, тоа не е критики од општеството тоа се критики од една конзервативна и националистичка групација од општеството. Која што патем, тогаш кога го критикуваше ниту го имаше видено перформансот, ниту пак имаше разбрано било што во врска со перформансот.
Фактот дека тоа беа критики еднакви на критиките кои тој уметник Рон Диди ги добиваше во 1994г. во Америка во времето на радикално конзервативно крило на валаст, говори доволно за фактот. Фактот дека пишуваа новинари кои ниту видоа ништо од преформансот, а перформанс се гледа во живо од почеток до крај а пишуваа коментари, исто така говори за нивото на медиумска писменост и професионалност на голем број на новинари и медиуми во Македонија.

Оваа година“такво нешто“ како што велите, прво не знам што е тоа “такво нешто“ меѓутоа ние имаме сериозна критичка и радикална програма од уметници кои ја испишуваат современата историја на перформанс на уметноста во последниве 30 години кои имаат серија награди позади себе, кои настапувале во најзначајните музеи, институции во Америка и Европа. Како сериозна и критична уметност ДА, имаме и годинава имаше и вчера на отварањето, ќе има и денеска ќе има и утре. ДА ќе имаме значајани уметници, а тоа како ќе реагира оној дел од општеството кој не може да се помири со фактот дека нивните привилегии не се од бога дадени и засекогаш вклесани тоа е нивен проблем, не наш проблем.

Лидер: Дали има промени во оденсувањето на луѓето кон заедницата во периодот од започнување на фестивалот пред 10 години па до сега, како ве восприемаат и како се однесуваат? Дали се намалени предрасудите кон ЛГБТ заедницата?

-Јас мислам дека тука има поместување, особено во последниве неколку години. Прво поместувањето е генерално во политичка клима. Ние претходно имавме 11 години на валст партии и режим кој несрамежливо јавно и експлицитно беше хомофобичен. Од врвни полтичраи до медиумите кои беа под нивна закрила секој ден ширеа експлицитна хомофобија и говор на омраза . Тоа сега се случува многу поретко. Тоа е променето.

Но она што е јасно е дека доаѓаат нови генерации. Еве јас сум една друга генерација но гледам помладите генерации се многу поотворени а и генерално ставот во општеството е променет. Но тоа не значи дека ние сме денеска сме либерално и прогресивно отворено општество. Има поместување меѓутоа има уште многу, многу работа за да се променат генерално ставовите во пошироката општа популација која сеуште е прилично затворена во рамките на патријахалните и на хетеро сексистичките размислувања.

Викенд на гордоста Скопје 2022 оваа година ќе се одржува во два термина, од 2 до 11 јуни и од 15 до 17 септември. После отворањето на фестивалот во четврток со изложбата „Екстатични тела: Архива на перформативни квир тела во Македонија“ во МСУ, викендов, во петок и сабота, публиката ќе може да ги проследи перформансите на Џули Толентино и Стош Фила, и на Дејвид Хојл во Музејот на современа уметност.