Советот на Град Скопје одобри набавка на 19 нови возила за јавното претпријатие „Комунална хигиена“, соопшти претседателот на Советот Даме Димитровски.
– Со нив драстично ќе го подобриме собирањето на отпадот. Следниот чекор е целосна замена на старите контејнери. Но, навременото чистење е само почеток. Нашата вистинска цел е отпадот да престанеме да го гледаме како ѓубре. Мора да почнеме да го третираме како ресурс. Затоа ќе инсистираме на системско селектирање на пластика и стакло. Крајната визија е од собраниот отпад да произведуваме биогас. Ќе создаваме нова вредност наместо да полниме депонии. Тоа е вистинскиот пат до чисто Скопје какво што го сакаме! – објави Димитровски на неговиот профил на Фејсбук.
