ЈСП Скопје информира дека по повод одржувањето на културната манифестација „Бела ноќ 2026“, која ќе се одржи на 3 октомври 2026 година (сабота), ќе обезбеди бесплатен јавен превоз за сите граѓани.
Манифестацијата е предвидено да започне во 18:00 часот на 3 октомври, а да заврши во 03:00 часот на 4 октомври 2026 година.
Од претпријатието посочуваат дека бесплатниот превоз се обезбедува со цел да се овозможи непречено присуство на граѓаните на манифестацијата и нивно навремено враќање по завршувањето на програмата.
ЈСП Скопје ги повикува граѓаните да го користат јавниот превоз за пристигнување и враќање од настанот, стои во официјалното известување.
