-Нашата изјава за македонскиот јазик претставува пример за нефукционалност и приватизирање на државните институции. Еден партиски измеќар си ја присвоил институцијата во министерството за култура и ќе биде многу интересно да се види записникот од седницата на која било разговарано за содржината на текстот на изјавата и кој учествувал на таа седница од членовите на Советот и какви ставови застапувал. Јас сум убеден дека таква седница не се ни одржала и приватизирањето на институцијата, сега доаѓа до израз. Такво нешто се случува и со Комисијата за историски прашања. Друг момент е објавувањето на картата од страна на универзитетот Харвард во која се гледа целата територија на која се говори македонски јазик. Нашиот Хардварец, премиерот Димитар Ковачевски појма нема за такво нешто и дозволува да си пукаме сами во нога, што ќе има последици не само за јазикот, туку и во историската комисија на која сега треба да и се даде приоритетно значање, кажа новинарот Предраг Димитровски во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“.
Тој во текот на своето гостување зборуваше и што може да се очекува од оваа Влада каде потенцираше дека од оваа Влада може да се очекува се бидејќи тие се далеку од реалноста и се со анационални чувства.
-Прво лично очекувам да видам како ќе се слави 2 Август иако според бугарската верзија денеска е Илинден, тие друг календар користат, да видам до каде може да оди срамот на една власт која нема допир со реалноста и е со анационални чувства. Потоа очекувам главните проблеми да следуваат на економски план, посебно со настапувањето на грејната сезона и мислам дека до тогаш народот ќе се олади од политичките збидувања и ќе се соочи со сурова реалност на дивеењето на инфлацијата на сите видови кризи и како капак на се, ковидот одново не напаѓа од сите страни, така да мислам ништо оптимистички не треба да очекуваме. Дупките што секој џеб ќе ги направи од цените на енергенсите, не можат да се закрпат најмалку 4-5 месеци по истекот на грејната сезона, додаде Димитровски.