Премиерот Заев и министерот Филипче уште денес нека си поднесат оставки, доколку навистина спротивно на препорака на Комисијата, ова лето дозволија свадби и журки на затворено, вели поранешниот пратеник Илија Димовски, коментирајќи ја изјавата на претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, кој за „Алсат“ ги искритикува властите дека не ги послушале нивните препораки да не се дозволуваат свадби во затворени простории во текот на летото.
Ако тогаш имавме десетици случаи, денес имаме околу 1.200 случаи, така што ситуацијата е неизвесна со тенденција да се влошува. Ова ни се случува поради целосното непочитување на мерките во некои делови на земјата, големата организација на свадби и други забави каде што не се носеа маски, немаше дистанца ниту средства за дезинфекција и масовно групирање луѓе на мал простор. Ако ми кажете стотици, би рекол дека имаше илјадници венчавки, на кои некои заборавија дека вирусот постои, изјави Караџовски.
Премиерот Заев и министерот Филипче
уште денес нека си поднесат оставки,доколку навистина спротивно на препорака на Комисијата, ова лето дозволија свадби и журки на затворено (ова го кажа Караџовски)…
— Ilija Dimovski (@ilijadimovski) August 20, 2021