Tриесетина македонски граѓани, кои беа сместени во воената база на САД во Доха, Катар, успешно се трансферирани во Истанбул, Турција, од каде се очекува во овие моменти да пристигнат во Скопје.

-Во моментов над триесетина наши граѓани, кои беа сместени во воената база на САД во Доха, Катар, успешно се трансферирани во Истанбул, Турција, од каде во секој момент се очекува да се качат на авион и да се упатат за Скопје. Летот со кој е предвидено да пристигнат, се очекува да слета во 19:50, по локално време на меѓународниот аеродром Скопје, информираа од Министерството за надворешни работи.