По препукувањата за здравствената криза, на реалација претседател и министер за здравство, со свој став се јави поранешниот пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски. Тој на социјалните мрежи напиша дека и двајцата се виновни и треба да сиподнесат оставка.
Двајцата сте одговорни, двајцата да си поднесете оставки! Префрлање на одговорноста од Пендаровски на Филипче, и обратно, е доказ дека и тие знаат дека има одговорност за здравствената криза, напиша Димовски.
Ова е само игра кој како да се провлече од таа одговорност и да го насамари другиот…
Заедно прогласуваа вонредна состојба…
Заедно прогласуваа кризна состојба…
Заедно ни кажуваат дали треба или не треба мерки и какви…
Заедно (пред неколку месеци) велеа дека донеле заклучоци за вклопување и на приватното здравство во борбата…
Заедно одеа во кампањи и се фалеа меѓу себе дека се потенцијал и капацитет…
П.С. Срамот не е за државата, срамот не е за граѓаните, срамот е за неспособната власт…
П.П.С. Следниот пат кога ќе одржувате Совет за безбедност имајте на ум дека тоа не е ниту дебатен клуб, ниту чајџилница, па да си разменувате впечатоци, напиша Димовски.
Двајцата сте одговорни, двајцата да си поднесете оставки!
Префрлање на одговорноста од Пендаровски на Филипче, и…
Posted by Ilija Dimovski on Tuesday, March 30, 2021