Двајца српски државјани се лишени од слобода на граничниот премин Табановце, откако системот „Безбеден град“ регистрирал дека на автопатот А1, на делницата од тунелите Демир Капија до Гевгелија, возеле со брзина повеќе од двојно над дозволената.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера во 19:05 часот, на излез од државата, била лишена од слобода 36-годишна жена од Србија. Таа управувала „мерцедес“ со српски регистарски ознаки со брзина од 169 километри на час, на делница каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час.
„Преку системот ‘Безбеден град’ било констатирано дека биле евидентирани како сторители на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – ‘безобѕирно управување со моторно возило’“, информираат од МВР.
Двајцата биле спроведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
