„Во политиката секогаш се кажува дека сите избори се од исклучителна важност, меѓутоа за овие избори јас сметам дека се навистина од голема важност за иднината на македонската држава и иднината на македонскиот народ. На осми мај ќе треба да се дојде до една пресвртница би рекол во историскиот континуитет на македонскиот народ во смисла на едно продолжување кое што ќе значи обезбедување на постоењето на македонскиот народ и на постоењето на македонската држава“, истакна Љупчо Димовски, претседател на СПМ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.
Тој истакна со оваа актуелна власт се загрозени националните вредности.
„Јас исто така ги следам анкетите кои што се спроведуваат веќе скоро на дневна основа и сите тие резултати кои што ги добиваме ни влева уште поголем елан за да продолжиме и понатаму во следниот период таму каде што е потребно. А, врз основа на тие податоци кои што ги добиваме силно во себе сме убедени дека на осми мај ќе издвојуваме убедлива победа“, рече Димовски.
Димовски додаде дека коалицијата „За обнова на Македонија“ убедливо ќе победи на претстојните избори.
„Јас сум дел од пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ и ВМРО-ДПМНЕ, и морам да ја искажам гордоста за моите колеги кои што се внатре во пратеничката група и кои на еден најпластичен начин докажаа каква е таа цврстина, каква е таа определба и упорност, и каков е тој патриотизам и љубов кон и својот народ и својата држава за да можеме и под сите притисоци да опстоиме единствени и сите предизвици и притисоци ги одбиеме. Кај нас немаше раслојување, напротив колку повеќе беше изразен тој притисок, толку беше поголемо единството“, истакна тој.
„Македонските граѓани поради оваа власт се во една целосна апатија“, укажа Димовски.
Димовски нагласи дека за целиот криминал кој што се случува во држава никој не одговара. Економијата тоне, граѓаните секој ден се повеќе се посиромашни. Власта со гума за бришење ја брише македонската историја и националните вредности.
„Сметаме дека е време конечно да ја вратиме надежта кај граѓаните, дека сепак има одговорни луѓе кои што се грижат за состојбите во државата, кои што се грижат за својот народ, за своите граѓани. И кои што се подготвени да се заложат, да ги дадат сите свои знаења и да работат за промена на состојбата на подобро во државата“, додаде тој.
Димовски нагласи дека промените ќе започнат кога ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе победат на овие избори. Во Македонија по изборите ќе започнат промените на подобро, ќе се стави крај на невладеење на право, криминал, корупција и сиромаштија.