Законот вели дека минималната плата не смее да биде помалку од 57 отсто од просечната плата. ССМ успеа делумно да го спроведе ова онаму каде што има синдикално здружување во приватниот и јавниот сектор.
-Ние по долгите преговори и штрајкот, им поверувавме на Владата и Економскиот совет дека ќе имаме покачување од месец јули. Но, потоа излезе дека нема да има усогласување на платите со зголемената минимална плата на сите нивоа. Ние поднесуваме тужби против работодавачите и не правиме селекција зависно од типот на работодавач. Ние сме во право и државата мора да ги почитува сбоите закони, а работниците мораат самите да си ги бараат своите права, вели вели Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во емисијата СТУДИО 10 на ТВ24.
Притисоци има, вели Димовски, работниците да се откажат од договорените со Владата 2.600 денари зголемување од 1 јули. Дури има и ситуации на уцени од работодавачи кои го извлекуваат наето членство од синдикатот под уцена со работно место, објаснува Димовски.
ССМ учествува на Економско-социјалниот совет, а во Економскиот совет учествуваат само стопанствениците и власта. Но, вели Димовски, ја мониторираме работата на овој совет и мерките што се предлагаат и се кројат. И реагираме, вели Димовски.
-За нас овие пет мерки што ги предлагаме живот значат. Тоа не е луксуз. Ние зборуваме за покривање на основните трошоци за преивување на едно просечно четиричлено семејство, вели Димовски.
Тој вели дека работникот мора да живее достоинствено, а фирмите нека му ја мислат ако тргнат да отпуштаат.