Започнува летот од Скопје до Париз
Нискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“ се враќа на македонскиот пазар со лет од Скопје до Париз. Ваквиот лет ќе се реализира уште од оваа недела. Разлика меѓу досегашниот лет кој е со ВизЕр е дека тој е до аеродромот „Париз Буве“ кој е на 90 километри од Париз, а новиот со ИзиЏет ќе биде до „Орли“ на 20 километри од француската престолнина.
Генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт изјави дека во среда на Меѓународниот аеродром „Скопје“ ќе пристигне авион на „Изиџет“. Вечер ги пренесе деталите.
– Ќе го пречекаме првиот лет на „Изиџет“ до Меѓународниот аеродром „Скопје“, од аеродромот „Орли“ во Париз, што е важно поради две работи, истакна Курт за весникот ВЕЧЕР.
Летниот авио распоред отвора нови можности за патување од Скопје и Охрид
Со стапување во сила на летниот авио распоред, од скопскиот и охридскиот аеродром започнаа летови кон 54 редовни дестинации и 10 чартер рути. Од Скопје ќе сообраќаат 16 авиокомпании со 47 редовни линии, додека три оператори ќе реализираат чартер летови. Од Охрид, пак, шест компании ќе летаат кон седум редовни дестинации, заедно со најавен чартер од Манчестер.
На 2 април почнува линијата на „Изиџет“ до аеродромот Орли во Париз. Од 3 мај, „Виз Ер“ стартува со нови авиолинии до Барселона и Лион. Претходно, беше воспоставена линија Скопје–Амстердам со „Трансавиа“, додека Охрид доби редовна линија до Истанбул со „Туркиш ерлајнс“.
Според ТАВ Македонија, Орли е аеродром управуван од Groupe ADP, членка на истата групација како и ТАВ, што обезбедува добра поврзаност. Новите летови се дел од поширока стратегија за развој во рамки на летниот авио распоред.
Моментално од Скопје може да летате со ВизЕр до аеродромот „Париз Буве“ кој е подалеку, на 90 километри од Париз, а со ИзиЏет ќе може да летате до аеродромот Орли кој е на 20 километри од центарот на Париз. Орли е еден од најпрометните аеродроми во светот.
Нови дестинации
Владата и министерот Николоски досега ја зголемија листата на дестинации за патување од Скопје.
Летот до Париз е втора новост оваа сезона за летање кон фрнацуско тло, откако е најавен и летот кон Лион. Останува да видиме дали ќе има и останати линии со Изиџет како нискоџубетна компанија.