На 19.10.2026 во 04:10 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ф.А.(41), постапувајќи по претходна пријава од неговата 63-годишна мајка дека физички ја нападнал во семејниот дом и ѝ упатил закани.
-Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Тетово.
