Оставката на двајцата директори е неотповиклива и после изборите ќе се постават други директори. Сега е забрането по Избрниот законик, велат од Владата за тв 24.
Бесими и Етеми поднесоа оставки во ист ден кога оставката поднесе и заменикот министер за здравство, а министерот за здравство понуди оставка. Премиерот Заев откако вчера излезе еден од извештаите за несреќата во Тетово, порача дека не ги прифаќа оставките на Филипче и Хасани.