Студијата за руската вакцина „Спутник лајт“ покажа дека луѓето кои го примиле овој препарат како трета доза ќе бидат 100 отсто заштитени од сојот „омикрон“ три месеци, изјави директорот на Центарот „Гамалеја“, Александар Гинзбург, пренесе Телевизија „Русија 1“.

– 75% од вакцинираните (Спутник Ве) имаат антитела кои го неутрализираат сојот омикрон. Ако се погледне крвната плазма на луѓето кои го примиле засилувачот „Спутник лајт“, може да се види дека тие имале 100 отсто антитела кои го неутрализираат вирусот во текот на трите месеци по засилувањето, рече тој.

Што се однесува до крајот на пандемијата, Гинзбург не е премногу оптимист.

– Не се осмелувам да тврдам дека ова е завршна фаза. Додека разговарам со вас, се појавуваат бесконечен број на нови соеви на ковид 19. Засега само се бориме со последиците, почнуваме да го гасиме пожарот, додека огнот веќе гори, додаде тој.

Да потсетиме, Гинзбург во средината на декември рече дека пандемијата на коронарниот вирус ќе заврши кога 70-75 отсто од руското население ќе добие антитела кои штитат од ковид, што е можно само со голем број вакцини во текот на шест месеци.