Директорот на ЦИА, Вилијам Бернс е тестиран позитивно на коронавирус и ќе работи од дома пред да се врати во канцеларија, соопшти денеска канцеларијата на американската разузнавачка агенција.
-Во целост е вакциниран против Ковид-19 и прими бустер доза, има благи симптоми, се наведува во соопштението.
Бернс (65) последен пат се видел во американскиот претседател Џо Бајден во средата на состанок, носел маска Н-95, а нивната средба не се сметала за близок контакт.
Белата куќа соопштила дека Бајден бил негативен на тестот.