Меѓудругото, од ЈСП информираат дека на средбата се разговараше за проблемите со кои секојдневно се соочуваат вработените во јавното претпријатие и за нивно итно решавање, како што е недостигот на кадри, одржување на работилници, беа разменети мислења како да се решат проблемите поврзани со другите сектори, а стана збор и за конкретни преговори за правата на вработените како што се редовна и правилна распределба на платите.
Илиевски и синдикалните претставници, како што се наведува во соопштението, едногласно заклучиле дека со надминување на проблемите со кои се соочуваат вработените, истовремено ќе се придонесе и за зголемување на квалитетот на услугите кои ги дава ЈСП Скопје на скопјани.