Таа е насловена „Новогодишна убавина” и ќе се реализира од 25 до 31 декември, на градскиот плоштад.

Во сабота на 25 декември свое обраќање ќе има кавадаречкиот градоначалник, детски хор ќе исполнува новогодишни и божиќни песни, а ќе настапат и учесници од детскиот фестивал „Гроздоберче”. Во наредните денови, меѓу другото, ќе има и хумор, презентација на кавадаречки маџун, новогодишни пакетчиња, работилница за изработка на новогодишни украси за деца и родители, фолклор, детска изложбена работилница.

Дедо Мраз ќе пристигне во петок наоладне, а вечерта ќе настапува ,,Галакси бенд”, кога ќе има и спектакуларен огномет. Петнаесет минути по доаѓањето на Новата година, планирано е и обраќање на градоначалникот Митко Јанчев.