За оставката, тој информираше на неговиот Фејсбук профил.

-Другарки и другари,
сакам да ве известам дека денес поднесувам оставка од работното место директор на Зоо Скопје. Во изминатите три и пол години успеавме рекордно да ја зголемиме посетеноста, да ги изработиме сите проекти кои ги ветивме, донесовме многу нови животни за првпат во нашата држава, а децата добија омилено место за секојдневни прошетки. Зоолошка градина Скопје стана најпосетена институција во државата, го отворивме и најзелениот Дино Парк со најмногу диносауруси на Балканот со преку 400 дрва и садници. Успеавме да средиме делови од градината кои со години не биле санирани, ги исчистивме езерата после 13 години, ја отворивме Бејби Зоо и направивме живеалишта за фламинга и пингвини по светски стандарди. Организиравме многу хуманитарни акции, помагавме секаде каде што можевме и тоа беше нашата најголема сатисфакција за успех.
Зоо Скопје стана прва дигитализирана зоолошка на Балканот, со своја апликација и онлајн продажба на билети.
Им благодарам на довербата што ми ја укажа екс градоначалникот Петре Шилегов , на сите медиуми, спонзори, донатори, здружениjа за животни, а највеќе на вработените во Зоо Скопје кои ги сакам како мое семејство и со чија помош успеавме да дојдеме на чекор до членство во ЕАЗА (Европска асоцијација на зоолошки и аквариуми). Се надевам дека зоолошката ќе продоложи да се развива и да се прават нови проекти со кои ќе се продолжи успехот на оваа институција.
Јас денес се враќам на улица, достапен во секое време да придонесам за подобра иднина на државата и младите.
Ви благодарам од срце.
Ѓ. Галетановски, пишува тој на Фејсбук.