Членот на ДКСК, Владимир Георгиев на седницата препорача да се побара од Државниот завод за ревизија да изврши финансиска ревизија на Агенција за млади и спорт, но и продолжена ревизија на федерациите кои добиле најголем износ на средства за користење на ваучери, како и на неколку други федерации, за кои во меѓувреме додека постапувале по предмет, добиле приговори или пријави од спортските клубови околу самото трошење на средствата, односно неправилности во користењето на ваучерите.
-Вториот предлог на ДКСК е за Централната комисија на Агенцијата за млади и спорт дека со послдната измена на Законот за спорт и начинот на избор, без притоа да бидат наведени никакви критериуми кој може да биде член на оваа Комисија, упатува на сомнеж дека е можно да се врши и политизација при одлучување, бидејќи согласно Закон, сега членови директно ги предлага Влада, а Агенција за млади и спорт ја формира Централната комисија, рече Георгиев.
Тој предложи и во претстојниот период да бидат побарани дополнителни податоци, но и соодветен инспекциски надзор внатре во работењето на самата Централна комисија на Агенција за млади и спорт.
Трет предлог е директорот на Агенцијата за малди и спорт да ја пропише формата и содржина како што е предвидено во Закаонот за спорт, на извештаите за национални спортски федерации и правни лица како корисници на средства за даночно ослабодување во кои треба да прикажат колку средства примиле од претходната година, од кого и за кои се истите потрошени.
Во спротивно, како што рече Георгиев, ќе имаме ситуација на немање никаква транспаретност и отчетност како се трошат средства кои се добиваат од ваучерите.
Исто така, предлог на ДКСК е и директорот на Агенцијата за млади и спорт да овласти други државни службеници од редот на вработените во Агенција да вршат инспекциски надзор по национални спортски федерации околу постапките на доделување и трошење на финансиски средства од ваучери, како што е предвидено со законот.
Георгиев препорача да се крене иницијатива да се преиспита самиот систем на финансирање на спортот преку користење на ваучери поради наведените ризици и слабости.
Според Георгиев, финансирањето на субјектите од дејност спорт преку системот на ваучери, а во ситуација кога нема формално изготвено унифициран образец, резултира со очигледна практика на нетранспарентност и неотченост.