ОВЕН (21. III – 19. IV)
Вашата добрина ги спречува вашите најмили да научат скапоцени лекции правејќи грешки. Ако премногу често влегувате во улога на „заштитник“, можеби е време да се откажете од контролата врз туѓите животи.
Дозволете им на луѓето кои ги сакате да паднат, да ја извлечат својата лекција и да се исправат посилни од претходно
БИК (20. IV – 20. V)
Направете простор во вашиот распоред за најважните личности во вашиот живот – членовите од вашето семејство. Ако во изминатиот период ги стававте на преден план забавите, сега посветете им се на вашите најмили.
Разговор за вашите корени ќе поттикне голем интерес кај вас. Можеби е време да откриете повеќе информации за вашите предци и роднини.
БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Време е да се ослободите од минатото и да продолжите понатаму. Раскрстете со врските кои немаат иднина, излекувајте ги старите рани и затворете ги несреќните поглавја. Пред вас е нов ден кој ви носи нова шанса за поисполнет живот.
Ќе добиете слатка покана за излегување на крајот од денот. Не ја одбивајте само затоа што имате ниска енергија. Сè ќе се промени кога ќе го пречекорите куќниот праг.
РАК (21. VI – 22. VII)
Вашиот ум работи со брзина на светлината, па идеите кои ќе ги имате ќе бидат вредни за споделување. Не се плашете да не изгледате „лудо“ ако предложите идеја на која никој досега не се сетил. Сметајте го тоа за ваша предност.
Ќе морате да скокнете во акција за да му го освоите срцето на оној што ви се допаѓа. Не чекајте љубовта да ви затропа на влезната врата, борете се за неа.
ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Следете ги вашите рутини денес и не правете ништо ново. Ќе сакате да имате предвидлив ден и да знаете што се крие зад аголот. Изненадувањата нема да ве усреќуваат.
Вашиот смирен дух ќе ви помогне разумно да се справите со ситуација во која сите останати ќе реагираат несоодветно.
ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Скапите и луксузни нешта денес ќе ви го привлекуваат вниманието повеќе од вообичаено. Можно е да почувствувате потреба да си купите нешто за кое се двоумевте во минатото. Разгалете се себеси.
Девиците кои се во врска треба да внимаваат повеќе на чувствата на партнерот. Не правете нешто што би можело да му разбуди негативни емоции.
ВАГА (23. IX – 22. X)
Одете на ментален одмор денес. Пуштете го умот на пасење и обидете се да не мислите буквално на ништо. Исклучете ги емоциите од разговорите со луѓето околу вас за да ги избегнете стресните ситуации.
Ова е ден кога ќе имате потреба од внатрешен мир, па дури и по цена да треба да се изолирате од останатиот свет. Следете го срцето.
ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Денес ќе се повлечете на задното седиште на работното место и ќе дозволите другите да ве водат. Скапоцени информации ќе соберете доколку го набљудувате однесувањето на колегите оддалеку.
Внимателно избирајте го друштвото вечерва. Претпочитајте го квалитетот пред квантитетот.
СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Што е она што сакате да го промените во вашиот дом? Денес вашето чувство за убавина и ентериер ќе биде изострено, па ќе имате прекрасни идеи како да го подобрите изгледот на вашето живеалиште. Посветете им внимание на деталите.
Со вашето друштво ќе трагате по нови искуства вечерва. Одете на ново место кое никогаш досега не сте го посетиле.
ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Далие сте подготвени за предизвици на работното место? Денес ќе ги прифаќате задачите од кои сите други бегаат и одлично ќе се справувате со секоја од нив. Ќе импресионирате влијателна личност.
Колку и да ве иритира неодговорното однесување на ваш пријател, воздржете се од давање совети кога не ви ги бараат. Во спротивно, можни се конфликти.
ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Денес ќе имате средба со пријател кој одамна не сте го виделе, а разговорите со него ќе ве вратат во минатото и ќе ви разбудат стари чувства. Веројатно ќе треба да се справите со нешто што одамна сте го потиснувале во себе.
Вашата енергија ќе биде одлична за дружби и забава. Вечерва ќе запознаете нови луѓе кои ќе ги импресионирате со вашиот шарм.
РИБИ (19. II – 20. III)
Вашиот вкус за уметност ќе биде изострен, па денес обидете се да создадете нешто свое. Насликајте слика, компонирајте песна, напишете емотивен текст… сè е возможно под денешното небо.
Ако излегувате вечерва, експериментирајте со облеката и набљудувајте ги реакциите на луѓето околу вас. Веројатно ќе измамите многу воздишки.