ОВЕН (21. III – 19. IV)
Линијата меѓу љубовта и пријателството ќе биде тенка за вас денес. Некои овни ќе дознаат дека нивен пријател е заљубен во нив, а други ќе се заљубат во другар од детството. Важно е да на избрзувате со одлуките.
Во врска сте? Со партнерот ќе дишете како едно. Тој навистина ќе стане и ваш најдобар пријател на кого ќе можете да му кажете сè.
БИК (20. IV – 20. V)
Умислено ќе се дистанцирате од светот денес. Нема да ви годат гласните места, големите друштва и напнатата атмосфера. Претпочитајте да останете во вашата комфорна зона, па макар и да сте сами во неа.
Вечерта поминете ја со добра книга во рака или гушнати со партнерот на каучот.
БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Престанете да следите некаков пат кон среќата наметнат од луѓето околу вас. Денес сами изберете го вашиот пат, дури и ако тој се разликува од оној на вашите пријатели или роднини. Започнете да правите сопствени избори и да стоите зад истите.
Ова не е добар период за купување, особено не онлајн. Можно е да правите погрешни избори за кои подоцна ќе жалите.
РАК (21. VI – 22. VII)
Насочете се кон оние делови од вашиот живот врз кои изгубивте контрола во изминатиот период. Го занемаривте изгледот? Изгубивте добар пријател? Не му посветувавте доволно внимание на учењето? Променете го тоа.
Кога е во прашање семејството, заборавете на импулсивните реакции. Морате да внимавате на чувствата на вашите најмили.
ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Денес ќе бидете како лавица која се бори да ги заштити своите најмили. Ќе правите смели потези за да исправите некоја неправда или да излезете од тешка ситуација која влијае на оние кои ги сакате. Луѓето ќе се чувствуваат безбедно покрај вас.
Уредете го вашиот дом така што ќе се чувствувате удобно во него. Ставете го комфорот пред луксузот.
ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Денес ќе запознаете личност со која ќе ви се чини дека живеете на два различни светови, а сепак се привлекувате како магнети. Нема да можете потполно да ги разберете вашите чувства, но ако почекате, коцките ќе се наредат пред вас.
Ако сте во врска, страста која ја чувствувавте со партнерот ќе премине во желба за обврзување. И двајцата ќе сакате нешто повеќе.
ВАГА (23. IX – 22. X)
Тајни, тајни… Скриени нешта ќе испливаат на површина денес, но вие воопшто нема да бидете изненадени. Вашето „шесто“ сетило одамна ви потскажуваше дека некој крие нешто од вас, а сега ќе дознаете што и зошто.
Ќе се поврзете повторно со стар пријател кого одамна не сте го виделе или со далечна роднина. Овој пат вашите односи ќе бидат поинакви.
ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Довербата треба да се заслужи, не ја давајте пребрзо. Денес кренете го штитот пред вашето срце и заштитете го од сите што може да го повредат. Важно е да не дозволувате изгледот да ви биде пресуден кога оценувате некоја личност.
Некои шкорпии ќе стигнат до информации по кои трагале долго време, а се поврзани со нивната кариера.
СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Умот денес ќе ви работи со полна пареа и во него ќе се произведуваат уникатни идеи кои треба да ги запишете. Можеби нема веднаш да можете да ги пронајдете потребни ресурси, но трпеливоста ќе ви се исплати.
Срушете ги ѕидовите кои ги градите за да го заштитите вашето срце. Вреди да ризикувате во љубовта.
ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Ослободете ја вашата душа од негативните чувства, а вашиот друштвен живот од лажни пријатели. Денес оддалечете се од сè што ве влече надолу и не ви дозволува да бидете најдобрата верзија од себеси.
Научете да се мотивирате себеси да создавате навики кои отсекогаш сте посакувале да ги имате. Среќата е избор.
ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Денешниот ден е одличен за да посетите ново место и да го истражувате светот околу вас. Скокнете во нова авантура со вашите пријатели без да мислите на обврските. Имате потреба од добра релаксација пред почетокот на уште една работна недела.
Запомнете дека најслатките нешта во животот не чинат многу пари. Не чувствувајте потреба да се докажувате пред никого.
РИБИ (19. II – 20. III)
Вратете го балансот во вашиот живот. Ако во изминатиот период ги занемарувавте пријателите за да работите или го занемарувавте семејството за да бидете со пријателите, сега е време да балансирате на секое поле. Клучот е во добрата организација.
Вашата позитивна енергија ќе биде заразна. Каде и да сте, луѓето околу вас ќе се смеат, а заслужни за тоа ќе бидете вие.