Тој во финалето му се реваншираше на Русинот, Данил Медведев за поразот на УС опен добивајќи го мечот со пресврт од 2-1, по сетови 4-6, 6-3 и 6-3.Првиот сет му припадна на Русинот, во вториот на сличен начин возврати првиот рекет во светот. Србинот во последниот сет поведе со 5-2, Русинот успеа да врати еден брејк за 5-3, но веднаш следеше рибрејк со кој го заокружи мечот.

За Ѓоковиќ ова е 37 титула на АТП мастерс 1000 турнирите со што повторно се искачи на првото место пред Рафаел Надал кој има една титула помалку.