ОВЕН (21. III – 19. IV)
Не чекајте некој друг да го преземе водството. Вие сте роден лидер и најсилно блескате кога ги водите членовите од вашиот тим кон успехот. Денес ќе се надминете себеси.
Негативната енергија на личност од вашата близина лесно може да биде пренесена и на вас доколку го дозволите тоа. На провокациите возвраќајте со насмевка.
БИК (20. IV – 20. V)
Денес ќе слушнете убава вест поврзана со вашата иднина. Можно е да добиете шанса да го продолжите образованието, да напредувате во кариерата или да решите важно животно прашање. Морате да мислите прво на себе, а потоа на другите.
Сè што ви го намалува темпото на живот е за претпочитање вечерва. Релаксирањето ќе ви помогне да мислите трезвено.
БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Престанете да претпоставувате дека партнерот знае колку многу го сакате. Денес кажете му „Те сакам“ јасно и гласно. Зголемете ја комуникацијата со луѓето кои се дел од вашето секојдневие.
Прекрасни нешта ќе се случат ако започнете отворено да ги изразувате чувствата. Ако сте соло, флертувајте со оној што ви се допаѓа.
РАК (21. VI – 22. VII)
Вашиот вкус за љубовен партнер полека, полека се менува. Денес ќе барате нешто што до вчера воопшто не ве привлекуваше. Можно е да се заљубите во некој кој досега сте го оттурнувале до себе.
Паровите ќе имаат случка која ќе им создаде непотребна напнатост во врската. Разговарајте како две зрели личности кои ја ставаат љубовта на прво место.
ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Не се обидувајте да бидете нешто што не сте за да им угодите на луѓето околу вас. Денес блеснете со вашата различност, бидејќи само така ќе се издвоите од толпата. Вашите идеи не се нешто што треба да го криете од светот.
Кога е во прашање вашиот фитнес план, бидете реалистични. Престанете да очекувате од себе нешто што е невозможно за постигнување.
ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Пречките на вашиот пат денес ќе бидат поголеми отколку што очекувавте. Фрустрирано ќе се обидувате да постигнете брзи резултати за кратко време, но понекогаш нештата не се случуваат како што ние сакаме. Морате да бидете трпеливи.
Оддалечете се од сите личности што ви создаваат притисок да брзате. Танцувајте по сопствен ритам.
ВАГА (23. IX – 22. X)
Денес ќе ги обожавате активностите кои ве релаксираат, па одделете повеќе време за вашите хобија, за играње игри или за кафе-муабети со пријателите. За да ги усреќите другите, морате прво да се усреќите себеси.
Некој ќе ве потсети на ветување кое сте го заборавиле.
ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Не, не сте секогаш во право, па престанете да го наметнувате вашето мислење. Денес слушнете што имаат да ви кажат луѓето кои ве сакаат, бидејќи нивните совети ќе можат да ве насочат по правилната патека. Заборавете на тврдоглавоста.
Очекувајте средба со личност од вашето минато која била заљубена во вас.
СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Денес ќе ја обожавате тишината. На работното место претпочитајте ги индивидуалните проекти кои можете да ги работите сами, подалеку од вашите колеги. Средувањето документи, анализите и одговарањето мејлови ќе ве смирува.
Внимателно чувајте ги тајните кои ви ги доверуваат другите. Не ја издавајте нивната доверба.
ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Денес нема да се плашите да внесете смели промени во вашиот стил, да се дотерате повеќе од вообичаено или да изгледате атрактивно. Ќе оставате силен впечаток со надворешниот изглед и комплиментите ќе ви годат.
Обидете се да пронајдете баланс меѓу љубовниот и социјалниот живот. Да, поминувајте време со партнерот, но не ги заборавајте пријателите.
ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Направете чекор наназад и погледнете ја големата слика. Веројатно премногу се фокусирате на деталите и не ги забележувате нештата кои се навистина важни. Порака која треба да ја примите ви е недостапна.
Сега е време да започнете да работите мудро, а не напорно. Направете стратегија и следете ја.
РИБИ (19. II – 20. III)
На кое поле од животот постигнувате најслаби резултати? Денес фокусирајте се на подобрување на вашите слаби страни и на собирање информации кои може да ви го олеснат носењето на одлуки.
Бидете љубезни со луѓето околу вас. Секој води своја битка внатре во себе за која можеби вие на знаете ништо.