ОВЕН (21. III – 19. IV)
Не мора да правите некакви специјални потези за да му го освоите срцето на оној што ви се допаѓа. Денес едноставно бидете она што сте и дозволете си поотворено да ги изразувате вашите чувства. Флертувајте и освојувајте.

Веќе имате партнер? Можно е да претерувате во обидите да го имате главниот збор. Научете да го слушате партнерот.

БИК (20. IV – 20. V)
Никогаш не претпоставувајте што се случува во нечиј живот. Денес ако сакате нешто да знаете, поставете прашање. Претпоставките може само да ви создадат погрешна слика за нечиј живот.

Запомнете, тревата не е секогаш позелена на другата страна од оградата колку и да ви се чини така. Не им завидувајте на личности кои воопшто не ги познавате.

БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Вие сте личност која ја става и раката во оган за своите најмили и тие ја чувствуваат вашата љубов. Но, денес ќе имате потреба да си дадете простор и време за себе. Организирајте состанок сами со себе и слушнете го вашиот внатрешен глас.

Во врската, изберете компромис наместо натпревар и ќе го пронајдете вашиот мир.

РАК (21. VI – 22. VII)
Денес ќе почувствувате силен наплив на енергија, па постои опасност да прифатите повеќе задачи отколку што реално можете да исполните. Научете да велите „Не“, во спротивно ризикувате да разочарате личности кои силно ви веруваат.

Кога последен пат сте си дозволиле да танцувате како никој да не ве гледа и да се забавувате како мало дете? Направете го сега тоа.

ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Можно е да му должите извинување на вашиот партнер. Ако забележувате дека тој се однесува чудно или дистанцирано, навратете се на случувањата од изминатиот период. Голема е веројатноста ненамерно да ги повредивте неговите чувства.

Соло сте? Понекогаш вистинската љубов изгледа како пријателство. Да, сосема е возможно ваш пријател да има романтични намери кон вас.

ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Вие сте личност која копнее по сигурност, па често се плашите од неизвесната иднина. Не и денес! Во вашиот живот ќе пристигне личност која ќе ве увери дека сè ќе биде во ред и дека за вас доаѓаат подобри времиња. Така и ќе биде.

Вашите пријателки пријатно ќе се изненадат од новиот оптимизам кој ќе го покажувате. За жал, некои од нив ќе ви завидуваат.

ВАГА (23. IX – 22. X)
Дружбите со пријателите ќе ви бидат попријатни и позабавни отсекогаш. Поврзувањето со вашето друштво и обновувањето на врските уништени од пандемијата ќе ви бидат дел од приоритетите. Сакајте и љубовта ќе ви биде возвратена.

Голема е веројатноста ваша сакана личност да има потреба од охрабрување з да направи смел чекор. Понудете ѝ поддршка.

ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Ова е идеален ден за да ја плукнете грутката која ви стои на грлото и да им опростите на сите оние кои ве повредиле. Ќе имате потреба да ја ослободите вашата душа од омраза. Негативните чувства треба да останат во минатото.

Ослободете се од сè што не сакате да поведете со себе во идната година. Исфрлете ги старите бескорисни предмети, донирајте ја облеката која не ја носите, збогувајте се со несреќните врски…

СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Разговорите денес ќе бидат на теми поголеми од вас самите, па престанете да ги насочувате само кон себе. Отворете го умот и започнете да се борите за повисоко добро, бидејќи имате потенцијал да направите промени во светот околу вас.

Нешто што до вчера ве збунувало сега ќе ви се разјасни. Можно е да видите дека пред вас стои патот кој отсекогаш сте си го замислувале за себе.

ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Работете на остварување на вашите соништа. Но, тоа нема да се случи ако не верувате во себе. Денес кренете го погледот од земјата кон небото и започнете да се стремите кон највисоките врвови, бидејќи реално можете да ги достигнете.

Не ја одбивајте поканата за излегување која ќе пристигне до вас. Со крената глава излезете од дома и уживајте во комплиментите.

ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Во изминатиот период многу созреавте како личност, а сега тоа позитивно ќе се одразува врз секој аспект од вашето живеење. Одлуките кои ќе ги носите ќе бидат внимателно обмислени, а вашите зборови одмерени. Луѓето зјапаат во вас со восхит, не со завист.

Некои водолии ќе го насочат погледот кон далечна дестинација која досега не ја посетиле.

РИБИ (19. II – 20. III)
Вашата елоквентност денес не само што ќе ви помага правилно да се изразувате, туку и ќе ви ја донесе наклонетоста на влијателна личност. Ќе им се „тетовирате“ во мислите, а и во срцата, на сите што ќе ве запознаат.

Каде и да одите, луѓето ќе се собираат околу вас за да ве слушаат како споделувате совети, шеги или лични искуства. А вие, ќе обожавате да сте центар на вниманието.