Меланија Трамп се појави на премиерата во Њујорк на нејзината документарна серија насловена како „Меланија, серијата“.

Проектот најавува увид во нејзиниот семеен живот и враќањето во Белата куќа, но првата дама јасно стави до знаење на црвениот тепих каде завршува разговорот за нејзината приватност.

Кога беше прашана за најлошата навика на нејзиниот сопруг, Доналд Трамп, таа со насмевка даде кус одговор.

„Тоа е приватно“, одговори Меланија.

Новинарката се обиде да добие барем еден конкретен пример, но Меланија не откри ниту една од личните навики на американскиот претседател.

„Доверба. Доверба и семејство“, додаде Меланија.

Ваквиот одговор звучеше како пренасочување на разговорот кон првата епизода од документарната серија, која ги содржи речиси истите зборови во својот наслов – „Семејство и доверба“.