ОВЕН (21. III – 19. IV)
Не дозволувајте јазикот да ви биде побрз од умот! Денес зборлестиот Меркур ќе премине во вашата 9-та куќа на искреноста, па можно е да бидете брутално искрени кога никој не го бара тоа од вас. Внимателно обмислувајте ги вашите зборови.
Некои овни ќе добијат понуда за работа или патување зад граница. Луѓе од далечни дестинации сакаат да ве имаат покрај себе.
БИК (20. IV – 20. V)
Денес Меркур, планетата на комуникацијата, ќе премине во вашата 8-ма куќа на интимност и силните чувства. Илјадапати ќе му повторите на партнерот колку многу го сакате и слободно ќе ги изразувате вашите чувства.
Ако сте соло, ќе се поврзете со личноста што ви се допаѓа, или во живо или преку социјалните мрежи. Меркур ќе ви помогне да оставите силен впечаток.
БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
За танго се потребни двајца, а вие денес со партнерот ќе танцувате како да не постои утре. Преминот на комуникативниот Меркур во вашата 7-ма куќа на љубовта ќе ве зближи повеќе отсекогаш. Разговорите ќе ви бидат насочени кон заедничката иднина.
Близнаците со статус сингл ќе се заљубат во некој кој секогаш ги одушевува со својот интелект. Ќе ги обожавате интелигентните луѓе.
РАК (21. VI – 22. VII)
Поврзете се со луѓето кои ве инспирираат да бидете здрави, силни и активни. Денес комуникативниот Меркур ќе премине во вашата 6-та куќа на фитнесот, па здравјето ќе ви стане приоритет.
Информирајте се како да ја подобрите вашата исхрана, како правилно да вежбате и колку сон му е потребен на вашето тело.
ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Умот ќе ви биде на прво место кога одлучувате на кого ќе му дадете шанса за романса, а на кого не. Денес итриот Меркур ќе премине во вашата 5-та куќа на страста и флертот, насочувајќи го вашиот поглед кон личност со прекрасен ум.
Ако сте веќе во врска, ќе ги претпочитате продуктивните разговори со партнерот пред романтичните додворувања.
ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Разговарајте со вашите најмили, прашајте ги што ги мачи, излекувајте им ги раните. Денес комуникативниот Меркур ќе премине во вашата 4-та куќа на домот и семејството, охрабрувајќи ве да се насочите кон решавање на семејните прашања.
Односите со важна жена во вашиот живот ќе започнат да се подобруваат. Ако во изминатиот период се каравте со вашата мајка или сестра, сега љубовта ќе царува во вашите односи.
ВАГА (23. IX – 22. X)
Додека сите преминуваат на празнично расположение во вашиот ум ќе се ројат прекрасни идеи кои не треба да се двоумите дали да ги споделите со светот. Комуникативниот Меркур денес ќе премине во вашата 3-та куќа, помагајќи ви да импресионирате влијателни личности.
Некои ваги ќе се вклучат во проекти со добротворна цел во нивното место на живеење. Големи се срцата кои помагаат.
ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Време е за штедење. Денес комуникативниот Меркур ќе премине во вашиот сектор на финансиите и ќе ве поврзе со личност која ќе ви ја покаже вредноста на парите. Благодарение на неа, ќе станете многу поодговорни.
Сметате дека заслужувате подобри услови на работното место? Сега е време да го кренете вашиот глас и да се изборите за промени.
СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Зборувајте, вашиот глас е моќен! Денес комуникативниот Меркур ќе премине во вашиот знак, будејќи го ораторот во вас. Ако се занимавате со преговори, продажби или убедување ова се вашите „пет минути“.
Во љубовта нема да освојувате само со изглед, туку и со интелект. Ќе бидете пример за комплетна личност каква што секој посакува
ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Кои се вашите вистински пријатели? Денес итриот Меркур ќе премине во вашата 11-та куќа на друштвените активности, помагајќи ви да ги разграничите луѓето кои ве гледаат со љубов и оние кои само се преправаат дека го прават тоа.
Не се плашете да го раширите кругот од пријатели без да се ограничувате на еден определен тип.
РИБИ (19. II – 20. III)
Денес комуникативниот Меркур ќе премине во вашата 10-та куќа на кариерата и долгорочното планирање, поттикнувајќи ве да го барате она што го заслужувате на професионален план. Разговарајте со вашите претпоставени, лесно ќе ги убедите дека сте во право.
Насочете го погледот кон иднината. Минатото со причина се нарекува минато.