-Сега со пристигнувањето на оваа значајно голема количина на вакцини, а очекуваме уште стотина илјади на 15 мај, повторно од производителот Синофарм и количината од 500 илјади вакцини од производителот Синовак до крајот на месец мај, значи една значајно голема количина, која ќе се дистрибуира по овие два канали кои што ги спомнав, решивме да се стави приоритет на тие што се пријавиле и затоа се направи пресек на 30 април – сите граѓани коишто се пријавени на сајтот vakcinacija.mk, а тоа се невакцинирани близу 160 илјади, во период од две недели, значи некаде до 15 мај ќе добијат термин за вакцинација преку СМС порака или меил со точно време и пункт каде треба да се јават.
Тоа значи дека и помлади ќе добијат?
– Апсолутно, тоа значи дека ставаме приоритет на тие кои покажале интерес за вакцинација и затоа апелирам граѓаните да се пријават на сајтот и да ги има во системот Мој термин за да може понатаму да се креираат тие приоритети.
Министерот посочува дека сега е временски период во кој треба да постигнеме процент на вакцинација којшто ќе биде доволен за да се стекне таканаречениот колективен имунитет, а тоа е, како што вели, некаде околу шеесетина проценти.
-Нашата проценка е дека некаде до крајот на летото, средина на летото може да се постигне имајќи ги предвид сите количини вакцини кои треба да пристигнат во нашата земја. Во таа смисла сите мерки кои сега ги препорачуваме важат за сите граѓани се уште. Понатаму за во иднина се уште е рано да се каже, затоа што не можеме да процениме колкав ќе биде одѕивот на граѓаните за вакцинација. Морам да кажам дека и покрај тоа што 20 проценти не се јавуваат, голем е бројот на граѓани коишто се јавуваат, покажуваат интерес итн, истакнува Филипче во интервјуто за РСЕ.