Со верификација на пратеничките мандати на министерката за одбрана во заминување ѝ престана мандатот. До изборот на нова влада со оваа функција ќе раководи Тирон Јајага кој досега ја обавуваше функцијата заменик министер.

Откако е верифициран пратеничкиот мандат на Славјанка Петровска ѝ истекува функцијата како прв човек на Министерството за одбрана. Јајага ќе биде министер кој ќе раководи со министерството во полн капацитет до составувањето на нова влада која се очекува да биде формирана околу 20-ти јуни.

Во следната влада која ќе биде формирана до крајот на овој месец со ова министерство ќе раководи кадар од ВМРО-ДПМНЕ, а се споменуваат повеќе имиња.

Патем, досегашната министерка Славјанка Петровска не ги крие своите аспирации за идна лидерка на СДСМ. Таа ќе се пријави за оваа функција како наследник на Димитар Ковачевски.