– До вчера попишани се точно 800.008 граѓани, а до утре очекуваме бројка од милион попишани граѓани. Бројот на оние кои одбиваат е незначителен, а по разговорите, кај нив повеќе нема двоумење се попишуваат. Оние кои повикуваат на бојкот, главно преку социјалнте мрежи не и мислат добро на државата. Повторувам дека пописот е статистичка, а не политичка операција, рече меѓу другото Симовски.
Заедно со соработниците тој имаше средба со пописната комисија, како и со градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.
– Целта на нашата посета беше одблску да се запознаеме со текот на пописните активности во пописен реон 24, што ги опфаќа општнте Дебар Центар Жупа. Можам да кажам дека овдека пописот се одвива според планираата динамика. На ова подрачје до сега не е регистриран случај на одвивање да биде попишан, рече тој.
Истата оценка ја изнесе и за општина Маврово и Ростуше, каде биле пред да дојдат во Дебар.