СДСМ со пофалби за Таравари – ова е доказ дека Владата е катастрофална
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) реагираше по повод одлуката на Алијанса за Албанците – крилото на Арбен Таравари, да ја напушти Владата. Од партијата велат дека ваков потег, еден од главните коалициски партнери да излезе од владината коалиција во толку рана фаза од мандатот. Од СДСМ велат дека ова не се случило во последните 35 години.
СДСМ: Владата на Мицкоски ја води државата во провалија
„Излегувањето на Алијанса за Албанците од Владата е доказ дека полека, но сигурно и граѓаните и политичките партии кои се уште се дел од владината коалиција гледаат дека Мицкоски ја води државата во провалија“, се вели во соопштението од СДСМ.
Од таму обвинуваат дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ постигнала катастрофални економски резултати. Според СДСМ државата е изолирана од меѓународните партнери.
„Мицкоски ќе остане сам со своите клиентелисти“
Во партиското соопштение, СДСМ ја поздравува одлуката на Таравари. Тие велат дека таа е последица на зголемениот број скандали кои ја тресат Владата. Според нив, Мицкоски ќе остане осамен, „опкружен само со неговите клиентелисти и амбицирани криминалци“.
„Граѓаните јасно гледаат низ прозирните лаги на ВМРО-ДПМНЕ“, порачуваат од СДСМ.
Оваа реакција доаѓа откако Арбен Таравари објави дека Алијанса за Албанците ја напушта Владата и најави повраток кон граѓаните, со цел нов мандат на претстојните локални избори.