Поранешната специјалната обвинителка Катица Јанева, која е осудена на 7 години затвор, од кои веќе 4 години е во КПУ „Идризово“ на почетокот на неделата си заминала дома. Го напуштила затворот.

„Осуденичката Јанева доби условен отпуст и таа треба редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје додека 7-годишната казна целосно не ѝ истече“, изјавил директорот на затворот „Идризово“, Зоран Јовановски.

Во јули 2021 година Апелациониот суд Скопје ѝ ја потврди 7-годишната затворска казна на Јанева, во која се пресметува и времето поминато во притвор од над 1 година.

Јанева и лани беше пуштана дење да работи во адвокатската канцеларија на син ѝ во центарот на Скопје. Попладне се враќаше во „Идризово“.

Но по доаѓањето на новото раководство во Управата за извршување на санкциите, била извршена контрола врз нејзиното работење. Во оваа контрола било утврдено дека таа не е на работа кај син ѝ. Поради ова ја изгуби таа привилегија. Јанева беше осудена за земање мито. По апсењето на Јанева, СЈО се затвори.