Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска истакна дека исплатата на платите на вработените во градинките доцни заради доцнењето на градинките со доставувањето на податоците за платите поради покачувањето од 15 проценти.
Платите ги потпишав вчера. Доцнеа заради доцнењето на градинките со доставувањето на податоците за платите. Платите го подготвуваат стручните лица во самите градинки – сметководители, благајници што ги имаат во градинките, кои поради покачувањето од 15 проценти на платите на давателите на јавни услуги мораа да прават нова пресметка и наместо до 15-ти, еве малку доцни, рече Тренчевска на настанот на која беше промовирана мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“ од Оперативниот план за активни програми и мерки за 2022 година.
Таа истакна дека вината не е во Министерството за труд и социјална политика, туку во самите градинки кои доцна доставиле пресметка на плата.
Врз основа на нивните пресметки, ние го правиме електронскиот систем кај нас и ја праќаме платата во трезор, рече Тренчевска.