Заев денеска се фотографираше и повторно се пофали дека од трибините навива за македонската репрезантација, а во исто време потпретседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, повторно ја претставува Македонија во најголемата парламентарна асамблеа во Европа.
Николовски после 4 години повторно е избран да ја претставува Македонија на ПС на Совет на Европа.
Тој во Стразбур се бори за македонските национални интереси, како и заштита на човековите права на Македонците во Грција, Албанија и во Бугарија, каде што се осврна на Извештајот од последните парламентарни избори во Бугарија.
Николоски од говорницата во Стразбур и порача на Бугарија дека ние знаеме кои сме, ние сме Македонци, ние знаеме кој јазик зборуваме, ние зборуваме македонски јазик, ние си ги знаеме нашето наследство и нашата историја, и независно од тоа каква и одлука да донесат утре, цела Европа знае кои сме и што сме, и тие ќе се соочат со срамот од последиците од одлуката која ја носат.