Вашингтон тврди дека документот ќе стави крај на војната и ќе обезбеди слободен поморски сообраќај
Претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека договорот за завршување на војната со Иран е закажан за потпишување утре, по што Ормускиот теснец повторно ќе биде отворен за меѓународен сообраќај.
Информацијата ја објави на неговата платформа Truth Social, пренесува ДПА.
„Договорот е закажан да биде потпишан утре, а веднаш по неговото потпишување, Ормуската Теснина е ОТВОРЕНА ЗА СИТЕ“, напиша Трамп.
Тврдења за подобрени односи и остри пораки кон Иран
Трамп наведе дека односите со Иран се „многу поинакви и подобри“ во споредба со претходните администрации, додавајќи дека нема да се разменуваат пари во рамки на договорот.
Тој во објавата наведе дека во „соодветно време“ ќе се уништат нуклеарни капацитети за кои тврди дека се наоѓаат длабоко под планини, со учество на американски бомбардери Б-2.
„Ако не се случи тоа, имаме крајна алтернатива, се надеваме дека никогаш повеќе нема да се користи!“, порача тој.
Ормускиот теснец и улогата на посредниците
Ормускиот теснец е клучна поморска рута преку која поминува значаен дел од светската трговија со нафта.
Воениот конфликт меѓу САД и Израел со Иран, кој започна кон крајот на февруари, веќе доведе до ограничувања во сообраќајот и раст на цените на енергентите.
Медијаторот Пакистан претходно денеска соопшти дека договорот ќе биде потпишан утре, пренесува ДПА.
