На електронските адреси на 14 училишта во Скопје утрово е упатена закана за поставена експлозивна направа, информира Министерството за внатрешни работи.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.
Во текот на вчерашниот ден дојави за бомби имаше во 86 училишта, една градинка и Заводот за рехабилитација во Скопје, како и едно училиште во Прилеп. Утврдено е дека сите дојави се лажни.