Жестоки искри во Собрание, зовре атмосферата меѓу Талат Џафери и Игор Јанушев. Талат Џафери упати навреди кон Јанушев, а нив ги раздели координаторот на групата Мицевски.

„Игор Јанушев, на синот на Талат Џафери не можеш да му дојдеш ни до малиот прст. Прво до малиот прст не можеш да дојдеш. Слушај сега, на синот на Талат Џафери ни ти ни многу од вас тука не можете да му дојдете до малиот прст. Второ, синот на Талат Џафери не се шета по судници. Синот на Талат Џафери не можеш да го видиш дрогириан“, рече Џафери.

На говорницата се врати Јанушев кој му рече: „Вести читав! Ако имаш нешто да ми кажеш излези да реплицираш“, а Џафери му врати: „Оди таму, не ми читај мене оди таму“.

Од оваа случка видео исечок објавија од Макфакс. Погледнете го во продолжение:

„Ти нема да ми кажеш кај ќе идaм“, рече Јанушев, па Џафери пак му врати: „Оди си од тука“. На ова Јанушев му рече: „Не си дома, јави ми се на реплика па кажи…“. Џафери пак му возврати: „Ти ако имаш проблем со судница, со мојот син немаш. Ако имаш работа со мојот син излези со него да се видиш“.

Препукувањето продолжи со меѓусебно обвинување на кого треба да му е срам.

„Како не ти е срам“, рече Јанушев, а Џафери му постави контра прашање: „Како тебе не ти е срам“.

Координаторот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ излезе за да го тргне Јанушев од говорницата.