Шпанскиот репрезентативен чувар на мрежата Давид Раја ги договори сите услови и се подготвува да стави потпис на нов долгорочен договор со премиерлигашот Арсенал, потврдуваат угледните спортски медиуми. По претходното продолжување на соработката со Деклан Рајс и Јуриен Тимбер, лондонскиот состав решава уште едно стратешко прашање на голманската позиција.

Сегашниот договор на 31-годишниот шпански голман имаше важност до летото 2028 година, но клубот реши со нов финансиски и временски подобрен договор официјално да го зацементира неговото централно место во тимот. Со овој чекор раководството ја потврдува неговата класа меѓу најдобрите светски чувари на мрежата во моментов.

Квалитетот на неговите настапи најдобро се виде во текот на претходната сезона, кога во рамките на националното првенство прими вкупно 27 погодоци и успеа да забележи дури 19 чисти мрежи без примен гол.

Иако во дел од претходните изјави не ја криеше својата желба во некој период од кариерата да заигра во шпанската Ла Лига, Раја отворено нагласи дека се чувствува одлично и пресреќно во редовите на лондонскиот гигант.