Зорана Тасовац, партнерката на популарниот пејач Саша Ковачевиќ, се породи и на свет донесе здраво машко дете. Гордите родители го добија своето прво заедничко бебе, а набргу по среќниот чин ја споделија радосната вест со јавноста преку социјалните мрежи.

По породувањето, Ковачевиќ веднаш објави фотографии со синот од болничката соба. На првата фотографија забележан е мигот веднаш по самото раѓање, додека на вториот кадар музичарот со широка насмевка на лицето позира веднаш до бебето поставено во болничката колевка.

Лицето на новороденчето беше дискретно сокриено со емотикон во облик на срце, а ваквиот призор предизвика лавина од позитивни коментари и честитки кај неговите следбеници. Музичарот претходно отворено говореше дека за чинот на раѓање одбрале приватна здравствена установа и дека негова огромна желба била лично да присуствува во салата за време на породувањето.

„Сакам да бидам таму, како поддршка, но и за да ги почувствувам убавините на татковството уште од првата секунда кога тој ќе дојде на свет“, изјави пејачот.