По седум години откако започна со работа во Милано, американскиот ланец Domino’s pizza ја напушти Италија, откако не успеа да ги придобие Италијанците.

Гигантот на пазарот за брза храна ја затвори и последната од своите 29 продавници на Апенинскиот Полуостров, по борбата да се позиционира во земјата што покажа оти тешко е да се придобие нејзиното население.

Доминос пристигна во Италија во 2015 година и планираше да ги придобие граѓаните со „чисто италијански“ состојки.

Плановите на компанијата да ги „намами“ Италијанците со достава на пица, беа урнати од пандемијата, откако и домашните пицерии масовно се свртија кон испорака на адреса поради мерките за ограничување со цел да се спречи ширење на коронавирусот.