Марк Маркес по десетти пат во својата кариера стана шампион во светскиот МОТО ГП шампионат. Шпанскиот возач ја обезбеди новата титула со освоените бодови откако ја заврши трката на осмата позиција.

Шпанецот заврши како осми на трката за големата награда за Португалија и ги обезбеди потребните бодови со кои уште еднаш докажа дека е најдобриот моторџија во светот.

Со овој успех шпанскиот натпреварувач се искачи на третото место на вечната листа според вкупниот број освоени титули, со што го престигна легендарниот Валентино Роси. На врвот на историската табела се наоѓа Џакомо Агостини со 15 титули, додека на второто место е Анхел Нието со 13 трофеи.

На денешната трка во Португалија првото место го освои Марко Безеки, второпласиран беше Хорхе Мартин, додека третата позиција на подиумот му припадна на Раул Фернандез.