Владејачката партија мора да соработува со опозицијата, да се засили борбата против корупцијата, локалните избори да бидат фер и демократски. Ова било истакнато на разговорот меѓу лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Доналд Туск, претседател на ЕПП.
За разговорот со лидерот на опозицијата Туск напиша на социјалните мрежи
Плоден разговор со Христијан Мицкоски, лидер на Партијата ВМРО ДПМНЕ, член на ЕПП. Разговаравме за легитимните проблеми на опозицијата и подвлеков дека локалните избори мора да бидат слободни и фер. Владејачката партија мора да соработува со опозицијата, да ја зајакне независноста на правдата и да се справи со корупцијата, напиша Туск на социјалните мрежи.
Fruitful call with Hristijan Mickoski, leader of EPP Member Party VMRO-DPMNE. We discussed legitimate concerns of the…
Posted by Donald Tusk on Wednesday, May 12, 2021