Согласно одлуката на членките на АСОМ, паричните средства ќе бидат префрлени на сметката на Црвениот Крст, кои организацијата ќе ги распредели на повредените патници и семејствата на настраданите, државјани на Република Македонија.

– Со длабоко жалење ја примивме веста за трагичната сообраќајна несреќа која се случи кај местото Струма, во Република Бугарија, во која животот го загубија наши сограѓани, а неколкумина се повредени. Загубата на човечки животи е ненадоместлива, но како организација, која во многу наврати ја покажала својата општествена одговорност, веднаш и без двоумење одлучивме да обезбедиме помош на оние на кои, во овие моменти, помошта им е навистина потребна. Изразуваме благодарност до Црвениот Крст кој и овојпат логистички ќе ја поддржи нашата донација и ќе овозможи паричните средства да бидат распределени до сите семејства на настраданите, како и до повредените патници кои се државјани на нашата земја, се вели во соопштението од АСОМ.