Притоа Груби не спомна имиња за кои пратеници станува збор.

Зборувајќи за кадровските прашања и министерствата што ќе ги преземе Алтернатива кога ќе влезе во владејачкото мнозинство, Груби одговори дека хипотетички или не хипотетички, што ќе каже Али Ахмети, тоа ќе го направи.

– Локалните избори не се поврзани со централната власт, а владејачкото мнозинство е стабилно, рече Груби.

Тој додаде дека биле направени многу чекори да се води земјата напред, а Зоран Заев бил „клучниот човек што ја унапредил европската перспектива на Македонија”.