Странските платеници кои учествуваа во војната во Донбас на украинска страна нема да бидат разменувани, изјави денеска Елена Шишкина, претседателката на Комитетот за кривично и административно законодавство на Народниот совет на самопрогласената Доњецка Народна Република.

-Британците Шон Пинер и Ендру Хил, како и мароканскиот Саудиец Брахим не се предмет на размена, изјави меѓу другото таа.

Генералното обвинителство на ДНР по завршувањето на кривичната истрага против група платеници од Велика Британија и од Мароко најави дека странските војници би можеле да соочат со смртна казна.

Британците Шон Пинер и Ејден Аслин им се предадоа на руските трупи во Мариупол во средината на април.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков изјави дека „платениците кои пристигнале во Украина не се борци и дека најдоброто нешто што ги очекува е долготраен затвор“.

Тој истакна дека според меѓународното хуманитарно право странските платеници немаат статус на регуларни војници.