Сите авионски летови на аеродромите во Белгија ќе бидат откажани во понеделник на 23 ноември. Ваквата одлука доаѓа поради најавениот национален протест насочен против актуелните мерки на сојузната влада, при што ќе биде сериозно засегнат и јавниот копнен сообраќај, со оглед на тоа што четири од десет возила на јавниот превозник „Де Лијн“ нема да излезат од депоата.

Институцијата задолжена за контрола на воздушниот сообраќај во Белгија, „Скејс“, соопшти дека нема можност за обезбедување редовни сообраќајни операции поради најавеното учество на дел од контролорите на летови во синдикалниот протест. Поради тоа, воздушниот простор и цивилните летови ќе бидат целосно прекинати во периодот од 7 до 21 часот.

Од службата „Скејс“ дополнително појаснија дека основните дежурни услуги неопходни за интервенција при вонредни ситуации и летови од безбедносно значење ќе продолжат да функционираат непречено, при што заштитата на патниците и воздушниот сообраќај останува главен фокус.