-Ве известуваме дека Вишото јавно обвинителство Скопје, по предметот оформен по поднесена Жалба на обвинетиот Д.Р. со понудена гаранција, до Апелацискиот суд Скопје согласно законските надлежности достави писмен предлог со кој му се предлага на Судот да ја уважи жалбата на обвинетиот, да ја прифати понудената гаранција во висина од 30.686.215.00 денари и да ја замени мерката притвор со понудената гаранција, информираат од  ЈОРСМ.

Против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски во моментов се водат две истраги, кои се однесуваат да спроведени тендери за набавка и за одржување на софтвер за сообраќајни прекршоци.