Довербата во судството и во целиот државен систем е на историски најниско ниво и потребни се радикални чекори, порача претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој се обрати на регионалната конференција која денеска и утре се одржува во Охрид.

Костадиновски истакна дека во Уставниот суд не треба да постојат „чувствителни“ предмети, туку уставната обврска на судот е да одлучува по предметите што се пред него.

Тој нагласи и дека одговорноста во судството треба да биде индивидуална, односно поединечни случаи не треба да создаваат општа слика за целото судство. Според него, подобрувањето на довербата во судството бара конкретни и суштински промени.