Овен
Некој кој ќе им биде „партнер во сите злосторства“, односно некој кој е возбудлив исто како и тие и сака да пробува нови работи и со кој животот ќе им биде заедничка авантура.

Бик
Некој кој ги поддржува 100%, кој ќе направи да се чувствуваат сигурно за да си ја отворат душата и ќе направи да се чувствуваат сакани без разлика на сè.

Близнаци
Некој кој ќе биде нивна втора половина, односно е љубопитен и страстен за животот исто како и тие и со кој ќе бидат добар тим.

Рак
Некој кој прави да чувствуваат дека се безусловно сакани, кој им дава мотивација за живот и прави постојано да имаат чувство дека некој се грижи за нив.

Лав
Некој кој прави да се чувствуваат како ѕвезди, односно дека се посебни и дека се вредни за восхит, некој кој ќе им дели комплименти за што сè постигнале во животот.

Девица
Некој кој ќе ги сака такви какви што се и што ќе го цени трудот и енергијата кои тие ги вложуваат во врската.

Вага
Некој кој ќе ги сака нивните пријатели, подеднакво како и нив, затоа што тие се социјални луѓе на кои пријателите им се на пиедесталот и сакаат со нив да минуваат незаборавни мигови и да имаат големи забави.

Скорпија
Некој кој секогаш ќе биде на нивна страна, нема да игра игри со нив и ќе биде искрен, исто како и тие.

Стрелец
Некој кој ги смее до солзи и е оптимист кој го сака животот, исто како и тие, едноставно сакаат денот да им започнува со насмевка.

Јарец
Некој кој ги дели нивните морални вредности и има високи критериуми за работите, исто како и тие, сакаат малку старомодни типови на кои семејството им е на прво место.

Водолија
Некој кој го стимулира нивниот мозок, тие ги ценат мудрите луѓе со уникатно гледање на работите и не би можеле да бидат со човек кој нема цврсто изградени ставови.

Риби
Некој кој ќе ги инспирира и ќе биде поттик за нивната уметничка душа, некој кој ќе ги охрабри да сонуваат и ќе им даде простор да бидат сами кога сакаат да креираат.