Одлуката на Владата за замрзнување на цените на некои видови овошје и зеленчук се почитува, соопшти Државен пазарен инспекторат, од каде велат дека инспекторите извршиле контроли во продавниците, маркетите и зелените пазари.
Со владината одлука од пред неколку дена, беа замрзнати цените на свежите домати, краставици, кромид, карфиол, свежи зелени пиперки, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимони.
Според ДПИ, инспекторите денеска извршиле над 250 контроли и надзори и забележале само две прекршувања, за што дополнително ќе бидат издадени соодветни прекршочни платни налози.
„Од контролите е заклучено дека производите се продаваат по цени во согласност со владината одлука и се достапни во продавниците и маркетите низ земјава. Инспекторите се и понатаму на терен и продолжуваат со контролите“, соопштија од ДПИ